Драги велешани,
Да се биде Градоначалник на Велес е голема чест и огромна одговорност. Ве уверувам, дека ќе работам чесно и одговорно, со голема љубов и посветеност, дека ќе бидам градоначалник на сите, дека парите од буџетот ќе ги трошам строго наменски за вистинските приоритети. Ќе работам неуморно, за Велес пак да биде убаво и посакувано место за живеење, општина на среќни и задоволни граѓани, најдобра општина, општина без корупција, економски моќна, уредена и чиста, вистински сервис на граѓаните, општина со која сите ние ќе се гордееме. Искрено верувам дека заедно сме посилни и дека заедно ќе го оправдаме аманетот на нашите предци кои умееле да се вложат во својот Велес.

Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски