ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ БЛИНК 42-21

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска потпиша меморандум за соработка со Центарот за Социјални иновации Блинк 42-21 за користење на мобилна апликација М-заедница. Апликацијата ќе обезбеди можност жителите на Општина Велес да комуницираат со вработените во општинските одделенија и сектори со цел да изнесат проблем, предлог или иницијатива и да бидат вклучени во носењето…

ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ НА ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ” ДОБИ ДОНАЦИЈА ОД ДЕВЕТ КОМПЈУТЕРИ

Девет компјутери доби подрачното училиште на ООУ „Васил Главинов”  во село Сливник. Компјутерите ги донираше АД „Алајанс Уан” од Кавадарци и чинат 197.000,00 денари. Осумдесет и осумте ученици од прво до петто одделение ќе имаат можност непречено да ја следат наставата по информатика  и останатите предмети. Предавањето на компјутерите го изврши градоначалникот на Општина Велес,…