Се реконструкција уште една улица во село Караслари. Во тек се градежни зафати за поставување на завршен слој асфалт на улица во должина од 255 метри. Реконструкцијата на улицата се изведува во соработка помеѓу Општина Велес и месното население. Општина Велес ги изведе сите земјени работи за ископ, нивелирање и тампонирање на улицата со што беше подготвена да се асфалтира со завршен слој. Асфалтирањето е од страна на населението во Караслари.

Општона Велес продолжува со реализација на градежни активности за рамномерен развој.