„Пожарот во близина на село Ораовец се шири на четири краци. Најсериозни се краците кои одат кон Ораовец и кон Војница“, изјави денеска градоначалникот Аце Коцевски.

Како што информираше, побарана е помош од Дирекцијата за заштита и спасување. Два авиони веќе се во функција и истураат вода на локциите. На лице место со огнот се борат 35 пожарникари, вработени во шумското стопанство и волонтери.

Пожарот е на границата помеѓу општините Велес и Чашка и затоа двете општини соработуваат во гаснењето. Коцевски изрази надеж дека денеска пожарот ќе биде локализиран и ќе се спречи понатамошно уништување на живит свет.