Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на постоечката атмосферска сливна решетка на дел од улицата „Љубљанска” лоцирана во близина на ООУ „Блаже Конески“.Првата фаза е веќе завршена, а од следната недела градежните работи продолжуваат со реализација на втората фаза.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно возење, внимателно движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знаци од страна на службените лица.