Од денес започнуваат градежни активности за реконструкција на дел од патот Дурутовец – Чолошево во должина од околу 120 метри. Поради големи оштетувања на коловозот се врши замена на асфалтот. Градежните работи ќе ги изведува ГД „Изгрев инжинеринг” од Велес.

Општина Велес апелира до граѓаните кои сообраќаат на овој патен правец за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.