На денешната прес конференција, градоначалникот Коцевски ја презентираше редизајнираната интернет страница на Општина Велес.

Граѓаните ќе може да ги добиваат информациите од редовните содржини, како и до сега, но овој пат се додадоа и нови решенија за полесен пристап до истите.

„Новиот дизајн на интернет страницата на Општина Велес овозможува побрз, поедноставен и поефикасен пристап до бараната информација, која му е неопходна на корисникот. Општина Велес останува транспарентна и отворена општина за сите граѓанки и граѓани кои сакаат на брз начин да се информираат и да добијат точна и конкретна информација”, истакна градоначалникот Коцевски.

При изготвувањето на интернет страницата почитувани се сите правила за транспарентност, а пристапот е овозможен како на македонски, така и на англиски јазик. Преку алатката „Прашај го градоначалникот”, граѓаните ќе може директно да поставуваат прашања наменети до градоначалникот и да добијат брз и конкретен одговор.

Интернет страницата на Општина Велес е достапна на линкот: www.veles.gov.mk