Во текот на вчерашниот ден беше одржана вонредна седница на Советот на која присустуваа сите институции и претпријатија надлежни за справување со зачестените пожари на подрачјата на општина Велес и Чашка. На седницата присуствуваше и градоначалникот на Општина Чашка.
Беа донесени следниве заклучоци:
➡️ Потребно е доопремување на ТППЕ Велес . Се задолжува општина Велес да изврши набавка на:
– 30 кожни ракавици за пожар во урбана средина
– 30 кожни ракавици за шумски пожар
– 30 чизми за шумски пожар
– 30 фенери
– 1 радиостаница со батерии
– 50 мешини за вода за шумски пожар
– 50 челични метли за гаснење пожар
– 2 дувалки за гаснење шумски пожар
– 30 комбилизони со доолги ракави
➡️ Советот бара од Шумската полиција да врши засилен надзор на терен и согласно законот да спречи движење на цивили во опожарените, како и неопожарените делови на Велес.
➡️ Пријавените доброволци да се евидентираат во ТППЕ Велес и со соодветни обележја да се пуштаат на терен, со најмалку еден шумар, пожарникар или преставник на месното население
➡️ Советот бара од СВР Велес да го контролира влезот цивили и ловци во населените места кои гравидираат кон шумските појаси, и да врши легитимирање на лицата.
➡️ Штабот за заштита и спасување да врши редовна координација помеѓу институциите вклучени во гаснењето на пожарот, како и со надлежните државни институции.
➡️ Да се побара од СВР Велес, да собере информации за причините за настанување на пожарите, известување дали до оваа институција има поднесено пријави за најава за пожар или се констатирани намерни подметнување на пожари.
➡️ Советот бара доследно спроведување на Планот за заштита и спасување при кризни состојби донесен од Советот на Општина Велес и подобрување на меѓусебната координација. Корегирање на процедурите на надлежните државни органи за добивање на помош од воздух (хеликоптери и авиони) за поголема ефикасност и намалување на штетите од пожари.
➡️ Апел до Ловните друштва во овој временски период (период на постоење на високи температури) да не се врши ловење и движење во шумските предели.