Во рамки на проектот „Мапирање на разликите во домувањето за Роми“ кој е финансиран од Европската унија, а е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“, Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар” (ЗРДИЦМ) од Скопје изработи документарен филм кој денес беше промовиран во Општина Велес.

Во името на градоначалникот Коцевски, на Советот при Општина Велес и во свое лично име, секретарот на Општина Велес, Елизабета Јовчевска го изрази задоволството што Здружението го покажа и што Општина Велес е дел од овој значаен проект.

Филмот ги обработува предизвиците со кои во процесот на легализација на објекти и станбени единици во ромските маала во Велес, Прилеп, Кичево, Куманово, Кочани, Штип и Чаир, се соочуваат жителите од овие населени места.

Освен филмот се презентираше и анализата изработена во соработка со граѓанскиот сектор, врз основа на која е направена приоритетна листа на активности кои локалните самоуправи ќе ги реализираат, а истите ќе бидат значајни за подобрувањето на состојбата во домувањето на Ромското население, но и генерално на животот на сограѓаните Роми.

Општина Велес останува посветена на реализирањето проекти и активности кои подеднакво го подобруваат квалитетот на живот на сите граѓанки и граѓани.