Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, од вчера, 19 ноември 2019 (вторник) Општина Велес започна со реализација на проект за решавање на проблемот со атмосферските води на улица „Пајак Планина”.
Канализациони цевки PEK 400mm и PEK 500mm се поставуваат во должина од 85 метри кои овозможуваат зафаќање на атмосферските води од овој дел на градот, а со тоа се придонесува и кон заштита на патната инфраструктура во околината, како и на домовите од несакани поплавувања.
Општина Велес го реализира проектот со сопствени средства, а вредноста на градежните зафати изнесува 600.000,00 денари со вклучен ДДВ. Изведувач на работите е градежната фирма „КОП Инженеринг” од Скопје.
Во зависност од временските услови, градежните работи е предвидено да завршат во рок од петнаесет денови.