Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19, 267/20),
Градоначалникот на Општина Велес објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр.01/2021
за прием на работници во работен однос на неопределено
време во општинската администрација на Општината Велес
Општинската администрација на Општината Велес има потреба од работници со засновање на работен однос на неопределено време за работно место и тоа:
1.Назив на работно место– Возач на Градоначалникот, Ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001, Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за поддршка на Градоначалникот:
Број на извршители – 1 (еден)
општи услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
– активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови
-стручни квалификации: Средно стручно образование (техничка струка) или гимназиско образование или економска струка.
-работно искуство: најмалку 1 година искуство во јавен сектор или приватен сектор.
-возачка дозвола за Б категорија,
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2021, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).
2.Назив на работно место –Работник за давадање на податоци– информации, Ниво А2,
шифра УПР 04 05 А02 013, Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки,
информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот-Одделение за правни и општи
работи и месна самоуправа
Број на извршители – 2 (двајца)
општи услови:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
– активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место;
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
Посебни услови
-стручни квалификации: Средно гимназиско образование или средно стручно образование (техничка струка)
образование, со стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ/МКСОО
-работно искуство: со или без работно искуство.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2021, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).
За двете работни места:
–Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,
дневно работно време: од 07:30 часот до 15:30 часот.
Кандидатите кон Пријавата за засновање работен однос треба да ја достават следнава потребна документација:
– Биографија (CV)
– Диплома за завршено образование, оригинал или заверен препис
– Уверение за Државјанство на Република Македонија, оригинал или заверен препис
– Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,
-Доказ за работното искуство, евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ, оригинал или заверен препис
Јавниот огласот трае 5 дена од денот на објавувањето во дневен печат, не сметајќи го и денот на објавување во дневен печат.
Изборот од пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавниот оглас.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 1. изнесува 19.950,00 денари.
Износот на месечна нето плата за работното место од точка 2. изнесува 16.474,00 денари.
Пријавата за враборување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
- Пријавата за вработување треба да содржи:
- податоци за кандидатот (име, презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедницата)
- кратко мотивационо писмо,
- изјава за исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,
- изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно.
Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: за Јавен оглас бр.01/21.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок и пријавите што нема ги содржат бараните документи ќе се сметаат како неблаговремени односно некомплетни и истите нема да се разгледуваат.
За Општина Велес, тел.контакт 043-232 406.