Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) за 2023 година.
Проектот има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.
Јавниот повик се однесува на сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со Законот за здруженија и фондации.
Јавниот повик ќе трае од 08.11.2022 (од 09:00 часот) до 06.12.2022 (до 15:00 часот).
Информативна сесија и обуки за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржат во просториите на Oпштина Велес, на 10.11.2022 и 11.11.2022 година, со почеток во 10:00 часот.
Детални информации за Јавниот повик и потребните документи може да се најдат на следниот ЛИНК (или во делот ReLOaD2).
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).