Организаторот „Сојуз на спортови на Велес“, распишува ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на награди и признанија за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес за 2022 година.
- „Сојузот на спортови на Велес“ покренува постапка за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2022 година“.
- Наградите и признанијата за најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, се доделуваат за постигнати резултати во индивидуален и во клупски спорт во тековната година, на спортистки, спортисти и тренери кои настапуваат за спортски клубови, чие седиште е во Велес.
- Право на предлагање на кандидати за изборот на најуспешните, имаат спортските клубови и нивните членови, чие седиште е во Велес.
- Предлозите за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес, за 2022 година“ се за следниве категории:
Ø Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени);
Ø Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени);
Ø Најуспешен тренер во сениорска конкуренција;
Ø Најуспешен тренер во младинска конкуренција;
Ø Најуспешна спортска екипа од Велес во сениорска конкуренција (прво, второ и трето место);
Ø Најуспешна спортска екипа од Велес во младинска конкуренција (прво, второ и трето место);
– Најуспешни спортски манифестации организирани под покровителство на Општина Велес за 2022 година;
– Најуспешно осново или средно училиште од областа на спортот за 2022 (најдобри спортски резултати на општински зонски регионали и државни првенства организирани од училишната федерација на Македонија);
– Најуспешен спортски судија од град Велес за 2022 година;
– Спортисти кои потекнуваат од Велес, а се дел од македонската репрезентација и со успех го преставуваат и афирмираат Велес во државата и надвор од неа преку настапи во репрезентацијата и своите клубови на меѓународни натпревари.
- Критериум за спортските остварувања се резултатите постигнати на олимписки, светски, европски првенства и други меѓународни натпреварувања.
- Клубовите и нивните членови од екипните спортови се рангираат преку настапи на големите натпреварувања, кои претходно учествуваат на натпревари во соодветните македонски лиги, квалификациите и европските, светски купови и други регионални натпреварувања.
- Предлозите за горенаведените спортски категории ги доставуваат спортските клубови и нивните членови, со седиште на подрачјето на град Велес, со уредна документација којашто треба да содржи: копија за регистрација на субјектот со седиште во Велес, копија од регистрациска книшка на предложениот спортист/ка, тренер со право на настап на натпревари во тековната година, официјален документ за постигнатите спортски резултати објавени во билтени, веб-страници, код-системи и слично.
- Јавниот повик трае 7 работни дена сметано од денот на објавувањето, од 12.12. до 19.12.2022 година.
Предлозите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во салата “Гемиџии” или лично на претседателот на Сојузот на Спортови, Велес, Ангел Љутков (телефон 078/245-559), со назнака за „Избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Велес за 2022 година“.
Дополнителни информации во врска со Повикот, може да добиете на телефон 078/245-559.
Сојуз на спортови на ВЕЛЕС
Комисија за избор на најуспешни спортистки и спортисти,
тренер и спортска екипа на Град ВЕЛЕС,
и доделување на награди и признанија