И покрај вонредната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведоа пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата.

Под стоги мерки за заштита и ограничување на контактите со сопствениците беше извршена услуга на 20 домаќинства и при тоа беше собран габаритен отпад со волумен од околу 80м³ кој беше депониран во општинската комунална депонија.

Најголем дел од собраниот габаритен отпад е мебел и санитарии.

Заради актуелната состојба, а со цел да им овозможи на граѓаните да го остварат правото на оваа бесплатна услуга, Општина Велес ги информира граѓаните дека акцијата ќе продолжи до крајот на годината.

Доколку имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, се молат граѓаните да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад и да се јават во секторот Комунална хигиена на телефон 043/233-768, секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна.