Стотици административци од Велес денеска се вклучија во акцијата „Администрацијата чисти“ која се спроведува низ целата држава. Административните службеници од Општина Велес, локалните институции, јавните претпријатија и подрачните единици на државните институции со помош на ЈКП „Дервен“ го собираа сметот оставен од несовесните граѓани на јавните површини и околу стамбените објекти.

Акцијата која се реализираше од 9 до 12 часот, се спроведе на 4 локации: Излезот од Велес кон Башино село,околината на Агенцијата за вработување на потегот до објектите на поранешните установи Пензионерски дом и училиштето ЈХК „Џинот“, улицата „Meтодија Андонов-Ченто“, со косината на надвозникот „Битолска пруга“со пешачката патека на ул. „8 ми Март“ и паркот до зградата ХИВ, со брегот на Вардар и улиците „Благој Нечев“ и „Трајко Панов“.

За само 3 часа, и покрај лошите временски услови и дождот службениците собраа 80 м³ отпад. Ретки беа граѓаните кои им се придружија на административците. Акцијата покажа дека за жал ниското ниво на еколошка култура на поедини граѓани, сеуште создава грди и тажни слики особено околу стамбените објекти. Општина Велес апелира до граѓаните да се однесуваат со достојна почит кон својот град и заедниците во кои живеат и да станат пример за помладите генерации.