Стотина граѓани меѓу кои преставници на еколошки здруженија, членови на ЗГ „Акцијаш “, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на советот на Општина Велес,  денеска учествуваа во акцијата за чистење што ја организираше Општина Велес, во рамки на одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни.

Во акцијата учествуваше и градоначалникот Аце Коцевски и вработени во општинската администрација.
Се чистеше крајбрежјето на реката Вардар, од левата страна на градот,  на потегот од  Стар мост до поранешниот хотел „Вила Зора“.

Во акцијата беа собрани пет метри кубни отпад.
Општина Велес и во иднина ќе продолжи да организира и да реализира слични вакви еколошки акции во насока на обезбедување на чиста и здрава животна средина.