Од ден во ден, бројот на заболени од Ковид-19 во Општина Велес драстично се зголемува. Досега се дијагностицирани шестотини триесет и седум граѓани заразени со Корона вирус. Од нив 259 се активни и најголем дел се на домашно лекување.
Сосотојабата со пандемијата во Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски ја оцени како крајно аларманта по вчерашната бројка на новозаразени од 53 граѓани и по излагањето на членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
На денешната прес конференција, посветена на епидемиолошката состојба во градот тој информираше дека утрово биле регистрирани шест оздравени пациенти. Моментално во инфективното одделение во Општата болница во Велес се лекуваат 47 сограѓани. Од нив 37 се позитивни на Корона вирус, додека останатите десет се непотврдени, но со симптоми на Ковид-19. Дури четиринаесет од пациентите се на кислородна поддршка.Тројца велешани се лекуваат во приватни клиники, а позитивни на Корона се и две родилки, сместени во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје.
Сепак Коцевски, врз основа на податоците добиени од директорот на болницата, соопштени на дваесет и шестата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување рече дека нема потреба од паника. Здравствените работници прават сè да ја следат состојбата и да одговорат на заболените граѓани.
„Сакам да порачам дека и покрај сè поголемиот број на новозаразени, граѓаните да не паничат. Здравствените работници се подготвени да одговорат на сите заболени граѓани кои ќе побараат помош. Тие ќе бидат уредно примени и соодветно третирани во здравствената институција. Доколку се исполнат капацитетите во Инфективното одделение на болницата, тогаш пациентите ќе се примаат или во физикалното одделение кое е подготвено како Ковид центар, или пак ќе се користат капацитетите на болницата во Јасеново”, рече Коцевски.
На денешната прес конференција Коцевски истакна дека најалармантна е состојбата во компаниите во кои се вработени голем број на работници кои користат јавен превоз да стигнат до работните места.
Во Општтата болница во Велес моментално има седум вработени позитивни на Корона вирусот. Седум се во домашна изолација. Нема здравствени работници распоредени во други клиники низ државата.
Од почетокот на пандемијата до сега, како последица на Корона вирусот, починале вкупно 29 граѓанки и граѓани на Велес.