Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99 став 1 од Законот за животната средина (Службен весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), до Градоначалникот на Општина Велес доставено е барање за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола со бр.23-2997/1 од 08.08.2019г.

Подносител на барањето:

Друштво за производство, сточарство, свињарство, трговија и услуги “Дангал 09” ДООЕЛ извоз увоз Велес за инсталација за интензивно свињарство, м.в “Венуле”, Општина Велес.

Адреса:

Ул.“Кирил Пејчиновиќ” бр.20, Велес

Локација на инсталацијата:

КП 49/1 и КП 49/2 КО Црквино

Контакт лице:

Трајче Дангалов – управител на инсталацијата,

тел: 070/216-014

Категорија на инсталација:

Точка 6. Подточка 6.6. Инсталација за интензивно свињарство со капацитет oд:

(б) 100 до 2.000 места за гоење свињи (над 30 kg); или

(в) 50 до 750 места за маторици.

Целокупната документација содржана во барањето, предлог-програмата за подобрување и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната јавност на веб страната на Општина Велес: www.veles.gov.mk

За сите потребни информации обратете се во Општина Велес, Одделение за заштита на животната средина на контакт телефон: 043/232-406, локал 106, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.  

       

                                                                                                                      Градоначалник
на Општина Велес,
Аце Коцевски

Барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола