На отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” со концертот на забавна музика „Евергрин поп-рок сцена” на кој настапија велешките поп-рок групи „Тринити” бенд и „R’n’B neighbors”.

Поради временските неприлики концертот беше откажан од првично утврдениот датум и одржан вечерва согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот.

Програмата на Велешко културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.