Почитувани сограѓанки и сограѓани, православни верници

Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање.

Празнувањето на Божиќ вообичаено не потсетува на топлина, мир и спокој во душата, неизмерна љубов кон Бога и најближните, сочувство и емпатија кон слабите и сиромашните. Не потсетува и поттикнува да љубиме, веруваме, сочувствуваме и да бидеме добри луѓе. Да подадеме рака на послабите, да им помогнеме на немоќните и да ги надминеме разликите и предрасудите.

Посакувам празничните денови да ги поминете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат топлина и благосостојба. Да веруваме и да се надеваме на подобро утре.

На сите граѓанки и граѓани им посакувам добро здравје, радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав – „Христос се роди“.

 

Со почит,

Аце Коцевски

Градоначалник на Општина Велес