Општата болница во Велес во време на Ковид функционира добро и работи во услови на вонредна состојба, при што се почитуваат и спроведуваат сите препораки и мерки од Министерството за здравство” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Функционираат сите одделенија на Болницата и не се откажуваат закажаните прегледи на пациентите, а медицинскиот персонал соодветно постапува и со хронично болните лица.

Поради потребата од мобилизација на здравствен кадар и испраќањето на медицински сестри, техничари и лекари на скопските клиники, во саботата се испратени три медицински сестри и двајца медицински техничари во Клиниката „8 Септември” во Скопје, извести градоначалникот Коцевски. Истите професионално ја работат својата работа, а еден од нив е поставен и за шеф на смена.

Во текот на денешниот ден е испратен еден интернист во Клиниката „8 Септември” во Скопје.

„Како што соопштуваат раководителите на ЈЗУ Општа болница Велес, не се очекува да прекине потребата од мобилизација на здравствен кадар, а Општата Болница во Велес ќе продолжи да функционира во услови на вонредна состојба”, дополни Коцевски.