Со 94,4 поени, Општина Велес годинава покажа највисока транспарентонст помеѓу општините во државата. Информацијата денес на прес конференција ја соопшти Градоначалникот Аце Коцевски.

„Индексот на активна транспарентност што го подготвува ‘Центарот за граѓански комуникации’од Скопје, со поддршка на Американската агенција за  меѓународен развој (УСАИД), покажа раст на активната транспарентност на Општина Велес за 5,6 процентни поени во споредба со минатата година” соопшти Коцевски.

Од редот на државните институции, највисока активна транспарентност во државата, во 2020 година има Министерството за одбрана со високи 97,7 поени.

Во истражувањето за 2020 година се рангирани вкупно 98 институции. Индексот на активна транспарентност е одлична алатка за сите државни, регионални и локални институции во заложбите за подобрување на проактивноста на институциите во објавувањето на информации од интерес на граѓаните, нивната отчетност и отвореност.