Во рамките на проектната соработка на Општина Велес со Фондацијата „Жена за жена“ (The Kvinna till Kvinna Foundation) од Шведска и Организација на жените на Општина Свети Николе, денес, под модераторство на координаторката за ЕМЖМ и менторката Благица Кирова во Општина се организираше фокус група со претставнички од повеќе граѓански организации од градот.

Целта е прибирање мислења и и идеи со предлози за креирање на годишните програми и родовото одговорно буџетирање преку подобрување на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Велес.

Пред присутните беа презентирани и резултати од истражувањата на Здружението на лица со церебрална парализа-Велес, за положбата и правата на девојките и жените со попреченост, а воедно и резултатите од спроведеното теренско истражување на ЗГ„ „Активо“. На настанот присуствуваа и претставници на Советот на Општина Велес.

Проектот: „Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ финансиски е поддржан од Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права (EIDHR), преку Делегацијата на Европската Унија.

Општина Велес изразува целосна поддршка на родовата перспектива и еднаквите можности помеѓу жените и мажите во реализацијата на своите активности.