Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани, соопшти пред медиумите на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски.

„Иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар на културни настани за своите граѓанки и граѓани. Ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и друго”, истакна Коцевски.

Според динамиката на активности во месец август ќе бидат организирани повеќе настани со уметници од градот и државата.

Сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.