Во рамките на Купот на Македонија, денес во кругот на ССОУ „Коле Неделковски” се одржа велосипедска трка Вело – крос.

Ова е прва трка годинава, со што беше означена новата сезона 2019/2020.
Седумедесетина велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело – крос трката.

Во соработка со Општина Велес, спортскиот настан беше организиран од страна на Младинскиот велосипедски клуб од Велес и Велосипедската федерација на Македонија.


Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ги додели наградите на најуспешните кои се натпреваруваа во категориите кадети, жени, мастерс, јуниори и сениори.

Општина Велес и понатаму ќе ги поддржува спортските случувања во градот.