„Велешани покажуваат голема еколошка свест“, оцени денеска градоначалникот Аце Коцевски по големиот интерес на велешани да се пријават на повикот за субвенционирање на купен сончев термален колектор и за купен велосипед. По само два дена од објавувањето на јавниот повик, денеска до крајот на работното време во Општина Велес 86 граѓани поднеле барање за субвенции за велосипеди, а 32-ца за субвенции за сончев термален колектор. На јавниот повик кој ќе трае до 26 јуни можат да се пријават физички лица, граѓани на Велес. „Ова е потврда дека сме на добар пат во стратешките определби за развој на Велес како град со чиста животна средина и град со одржлива урбана мобилност“, рече градоначалникот Коцевски.