Постапка за избирање на најповолен изведувач за армирано бетонски коловоз на дел од улицата „Богдан Прличков” (над Којник) за изградба на фекална канализација за прибирање и одведување на фекални отпадни води од комплексот „ВЕЛ Сити” до поранешниот „СИМПО”.
отпочнати се градежните работи на поголемиот дел од објектите кои се дел од проектот „Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија”. Како што потенцираше градоначалникот Коцевски, се работи на пешачка патека со 23 паркинг места и столбови за осветлување, на велосипедска патека во должина од 7,20км, поставување на рекламен билборд, пристапен пат до винарија „Шато Сопот”, уредување на туристичко биро во центарот на градот, уредување на крајбрежниот појас на езерото во должина од околу 600м, изработка на киоск за сувенири и поставување на шест клупи од рециклирани дрва, проект за сигналитика, посматрачница за птици, пристапен пат до „Еко кампот” во должина од 170м. Поради несаканиот пожар кој се случи на езерото, како што рече Коцевски, потребно беше да се изврши расчистување на локацијата од опожарените дрва, за да се воведат изведувачите во работа на „Еко кампот” и „Паркот на авантури”.
Во тек е реализација на проектотза реконструкција на водоводни и канализациони линии, со што ќе се заменат водоводните линии на улиците „Петар Делјан”, „8 Септември”, „Богдан Каракостев”, „8 Март”, „Костурска”, „Даме Груев” и улицата „Орце Мартинов”. Додека пак ќе се изврши реконструкција на канализационите линии на улиците „Страшо Пинџур” „Никола Оровчанов”, „Илинденска”, на дел од улицата „Јовче Чучук” и на дел од улицата „Орце Шутев”. Инвестиционата вредност на овој проект изнесува 44.149.563,33 денари со вклучен ДДВ.
Коцевски ја извести јавноста дека заврши реконструкцијата на кровот на ССОУ „Јовче Тесличков”, каде се заменија азбестните плочи, а градежните работи започнаа пред два месеци. Инвестиционата вредност на проектот изнесува 4.740.033,00 денари со вклучен ДДВ.
Исто така, Коцевски извести дека во тек е постапка за избор на економски оператор за реконструкција на градскиот стадион во Велес, за што Агенцијата за млади и спорт обезбеди финансиски средства во висина од 16.000.000,00 денари, како и дека со подобрување на временските прилики ќе се продолжи со реализација на пристапниот пат до и низ селото Сливник.