Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на тротоарите на мостот во близина на ООУ „Васил Главинов“ (кај бифе „Марија“’).
При реконструкцијата ќе биде изваден површинскиот оштетен слој од асфалт, оштетените армиранобетонски плочи ќе се заменат со нови, а за крај на градежните работи ќе се асфалтираат тротоарите.
Поради безбедносни причини, реконструкцијата на тротоарите се одвива во неколку фази. Градежните работи ги изведува ГП „Изгрев инженеринг” од Велес. Со оваа реконструкција, граѓаните ќе можат непречено и безбедно да се движат на тротоарите.
Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот за внимателно возење, внимателно движење на пешаците во зоната на изведување на градежните работи, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знаци од страна на службените лица.