Во тек е реконструкција на плоштадот во село Горно Оризари. Градоначалникот Колев денеска изврши увид во градежните зафати што ги изведува Друштвото за градежништво „ИЗГРЕВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Велес“.

На терен моментално се врши машинско гребење на постоечкиот асфалт. Во следната фаза од градежните активности ќе се постават улични рабници, нивелирање на капаците на постоечките шахти, по што следува асфалтирање на плоштадот и улицата.

Реконструкцијата на плоштадот во село Горно Оризари се реализира со средства од буџетот на Општина Велес во вредност од 2.355.280 денари со вклучен ДДВ.

Според договорот, градежните работи се изведуваат еден месец, по што жителите на Горно Оризари ќе добијат комплетно уреден плоштад.