Имаме само една планета Земја, наша, единствена. Како ќе се однесуваме кон неа, така таа ќе ни возврати. Затоа да бидеме свесни и совесни, да ја чуваме и негуваме и да се грижиме за неа како за сопственото здравје, за животот.
Денешниов ден, 22 април, кога се одбележува светскиот ден на планетата Земја, да ни биде поттик да ја чуваме и унапредуваме животната средина, да укажеме на опасните последици од загадувањето на водата, воздухот и почвата. Да ја сочуваме нашата Планета за нас, за идните поколенија, да растат здрави и среќни.
Во текот на месец мај, Општина Велес, со повеќе партнери и поддржувачи, ќе организира неколку еколошоки настани и активности за што јавноста навремено ќе биде известена.