Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на денешниот ден, во соработка со Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”, започнаа дезинфицирање на сите станбени колективни згради, пооголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во градот.

Во оваа акција за дезинфекција предвидено е да се дезинфицираат просторите околу Центарот за јавно здравје – Велес, ЈЗУ Здравствен дом – Велес, „Стокомак”, железничката станица, просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, „КАМ” во Нова населба, „Кит – Го”, плочникот околу споменикот на Панко Брашнаров, плочникот околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман, плочникот околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, просторот во центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад  „С’рмаале”  и просторот околу Градскиот пазар.

Акцијата за дезинфицирање ќе продолжи со реализација и на 21 април 2020 година (вторник).

Со почит,
Општина Велес