Младите велешки музички таленти Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костовски и Даниела Теова вечерва одржаа концерт на класична музика во рамки на програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”.

Пред присутните љубители на класичната музика учесниците на вечерашниот концерт, кои се.ученици во класата на професорите Габриела Бачманова и Илија Настовски од ООМУ „Стефан Гајдов” од Велес, настапија со соло изведби на дела од Ј. С. Бах, Глинка, Лист, Дебиси и други.

Поради непредвидливата временска прогноза, концертот „Велешки видри” се одржа во Ликовниот салон во Велес на Меѓународниот ден на младите, 12 август, со ограничен број на посетители поради актуелната ситуација со Ковид-19.

Овој, како и сите други настани кои се дел од Велешкото културно лето 2020 се одржуваат согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот. 

Програмата на Велешкото културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.