Градоначалникот Коцевски  им ги предаде таблетите на основните и средните училишта во Велес кои ќе бидат наменети за учениците од семејства кои се во тешка социјална состојба.

Денеска беа доделени вкупно 210 таблети од кои 132 на основните  и 78 на средните училишта во градот.

На ООУ „Блаже Конески“  на трајно користење доделени му се 30 таблети, на ООУ „Васил Главинов“ – 25, на ООУ„ Панко Брашнаров“- 65 и на ООУ „Кирил и Методиј“-  12 таблети.

Средното општинско училиште „Димитрија Чуповски“ ќе користи 35 таблети, средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ доби 33 таблети и средното општинско училиште „Јовче Тесличков“ 10 таблети. За преостатнатите таблети, дополнително ќе се анализира состојбата и во централните и во подрачните училишта.

Инаку Општина Велес обезбеди вкупно 260 таблети за ученици од семејства кои се во тешка социјална ситуација и не се во можност да ги набават. Преку програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво Ромактед, Општината обезбеди уште 35 таблети.

За потребите на Детската градинка „Димче Мирчев“, Општина Велес обезбеди вкупно 39 прочистувачи на воздухот.