Утринава на 2 јануари 2020 година, во 09:08 часот, Марија Иванова ја донесе на свет, Изабела – првото новороденче во Велес во 2020 година. Бебето е тешко 3420 грама, а долго 52 см. Ова е втора рожба на Марија.
Традиционално, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски го посети првороденото дете во Велес и неговите родители и им подели подароци, посакувајќи им добро здравје и многу среќа.
Во оваа прилика тој им ја честиташе и новата година.
Градоначалникот Коцевски им ги честиташе новогодишните и божиќни празници и на вработените во ЈЗУ Општа болница, Велес.