Во просториите на Општина Велес, денес се одржа осмата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која беа донесени следните заклучоци:

–       По препорака на Главниот кризен штаб, општинските кризни штаботви се задолжуваат заедно со МВР и припадниците  на АРМ да изработат Оперативен план  за обезбедување редарски служби пред маркетите, објектите на филијалите и поштите на 21 април 2020 година, како прв работен ден после воведената забрана и посебен режим на движење во периодот од 17 до 21 април 2020 година, со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на РСМ за заштита и превенција од ширење на коронавирусот (Covid-19);

–       Согласно ова припадниците на Армијата ги ставаат на располагање своите сили после дзавршувањето на полицискиот час да помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите во градот;

–       Да се одржи состанок со претставници на банките, економските оператори – маркети, Македонски Пошти, на Армијата и МВР – СВР Велес со цел  да се увуди состојбата со големите марекети  и други институции дали можат сами преку своите слуцби за обезбедување да го зачувуваат редот, а потоа да се вклучат МВР и АРМ

–       Општина Велес во соработка со ЈКП Дервен и Територијалната противпожарна единица – Велес да продолжат со веќе активните мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, односно да се продолжи со активностите за вршење дезинфекција на улиците и јавните површини во градот и населените места кои гравитираат кон градот.