Со целовечерен концерт на балетското студио „Анабела кој се одржа на отворениот амфитеатар во Младинскиот парк, вечерва започна Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41 / Лонгитуда 21’”.

Со овој јубилеен концерт балетското студио „Анабела одбележа 25 години од своето постоење.

Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41 / Лонгитуда 21’”, ќе бидат организирани повеќе концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, изложби, филмски проекции, мултимедијални проекти, перформанси и друго, со уметници од градот и државата.

За реализација на овие настани, Општина Велес обезбеди 300.000,00 денари сопствени средства од Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година.

Поради актуелната ситуацијата со Ковид-19 сите настани и активности ќе бидат организирани на отворено, согласно објавените протоколи за почитување на препорачаните мерки за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.