На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот.
Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување на асфалтот во вид на нерамнини. Во наредните пет работни денови ќе се изведува гребење на површинскиот слој на асфалтот, а потоа ќе следи обеспрашување на површината со премачкување.
Градежните работи ги извршува ЈП “Македонија пат”, а Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди средства во висина од околу 2 700 000 денари.
Со овие градежни зафати ќе се обезбеди подобрување на условите за одвивање на сообраќајот во градот.