,,Само во 2018 и 2019 година, успеавме да инвестираме 57.898.050, 00 денари или речиси еден милион евра во набавка на нови возила и механизација во ЈКП ‘Дервен’, а истовремено успеавме да ги вратиме и долговите кон претпријатието во висина од околу 1,5 милиони евра, кои не биле подмирени од 2013 до 2017 година” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
Инвестициите се состојат во набавка на голем камион ,,Ивеко” во вредност од 6.500.000,00 денари, цистерна од 4.000.000,00 денари, мал камион ,,Ивеко” за собирање отпад во вредност од 3.200.000,00 денари, кој е добиен како грант од проект на Европската Унија за прекугранична соработка со Република Грција, ровокопач во вредност од 2.200.000,00 денари. Набавени се и пет половни камиони за собирање на смет во вредност од 16.450.000,00 денари, каналочистачка од 4.250.000,00 денари, метларка од 4. 615.000,00 денари, озонатор со опрема во вредност од 14.000.000,00 денари, теренско возило ,,Лада нива” во вредност од 700.000,00 денари, како и компресор за фабриката за вода во вредност од 600 000 денари.
Потоа, GPS за мерење на координати за подземен катастар од 500.000,00 денари, софтвер за читање на водомери во вредност од 650 000,00 денари и извршена е набавка на осум акумулатори за фотоволтаичен систем за депото за селекција во вредност од 233.050 денари.
,,Се надевам дека со овие инвестиции, во наредниот период, граѓаните со право ќе очекуваат квалитетна вода за пиење и квалитетни комунални услуги од ЈКП ,,Дервен”, додаде градоначалникот Коцевски.