Велес е првата општина која се вклучи во проектот  „Македонија на дланка“ (анлгиски Macedonia from above) со кој потенцијалните туристи од целиот свет можат виртуелно да ја посетат нашата земја, реално да ја запознаат а потоа и да посакаат да ја посетат.

Отсега сите корисници на интернет ќе можат виртуелно да  посетат 18 локации во Велес меѓу кои Спомен- костурницата, Народниот музеј, спомен-куќите во градот, Младинскиот парк, театарот, Саат кулата, езерото Младост, црквите, и голем број на споменици. Истовремено, посетителите ќе можат да се информираат за нанјзначајните културни и туристички знаменитости во градот и околината.

Овој начин на претставување на градот има голем број придобивки, од една страна ќе се зголеми туристичката промоција пред странските и домашни туристи, но  истовремено ќе обезбеди пристап до информации за  граѓаните од ранливите категории кои не се во можност физички да ги посетат овие атракции што му дава хумана димензија на овој проект. Виртуелната прошетка низ Велес  која може да се искористи во едукативни цели: поставените  аудио и видео материјали на оваа страница може да ги користи наставниот кадар од училиштата  и учениците да ги запознае со културните и туристичките особености на Велес на современ и автентичен начин.  За виртуелната прошетка следете го следниов линк: https://www.macedoniafromabove.mk/veles.html