Градоначалникот Аце Коцевски денеска ја информираше јавноста дека е регистриран зголемен број на барања за боледување од страна на медицинскиот персонал во велешката болница. Поради состојбите, директорот на болницата упатил барање до матичните лекари да бидат особено внимателни при издавањето на боледувања за медицинскиот персонал кој е неопходен во услови на кризата предизвикана од Ковид 19.