Почитувани,

Согласно препораките дадени од Владата на РСМ, а во врска со мерките и активностите за превенција од ширење на вирусот COVID – 19, Општина Велес дава препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници:

Такси превозниците на подрачјето на општината да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици).

Дополнително, ова е препорака и до приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Општина Велес за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила.

Имено, секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, треба да е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата да се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а да се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило да се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката на сообраќање.

Согласно актуелната состојба со корона вирусот, Ве потсетуваме дека една од мерките и препораките на Владата е и намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот.

Со почит,

Општина Велес