Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека денес, понеделник, 21 септември 2020 година започна со изведување на градежни активности на патот кон село Отовица, односно на потегот од исклучувањето од регионалниот пат кој води кон село Отовица.

Градежните работи кои ќе овозможат подобри услови на пристапниот пат во селото се изведуваат од десната страна на патот во должина од околу 250 метри.

Во зависност од временските услови, градежните работи ќе се одвиваат во траење од десет денови.

Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните за разбирање и внимателно управување со моторните возила, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Со почит,
Општина Велес