Почитувани граѓани,
До Општина Велес доставено е известување од страна на Прехрамбената индустрија „Благој Ѓорев“ дека на ден 26.10.2019г. (сабота) од страна на стручни лица од Република Србија ќе се врши нагодување на горилникот на котелот ДБК-50 (кој досега не работеше).
Притоа можни се видливи емисии на чад во воздухот од излезниот оџак на парниот котел во време на интервенцијата.
На лице место ќе биде присутен и овластениот инспектор за животна средина на Општина Велес и одговорните лица од фабриката за да се следи состојбата.
ОПШТИНА ВЕЛЕС