Почитувани,

Согласно последните препораки и насоки издадени од Владата на Република Северна Македонија за зајакнување на мерките на заштита со цел спречување на ширењето на корона вирусот, упатуваме апел до сите граѓани на Општина Велес своето доаѓање и присуство во општината да го намалат, освен во случаи кога има неопходна потреба да се јават во службите во временски период од 14 денови, започнувајќи од денес (среда) 11 март 2020 година.

Со цел навремено информирање и завршување на Вашите потреби, можете по електронски пат да стапите во контакт со Општина Велес:

На официјалната интернет страница на Општина Велес www.veles.gov.mk, достапни се сите услуги;

Контактите со административните служби на Општина Велес се достапни на: www.veles.gov.mk/kontakt/ и www.veles.gov.mk/kontakti-na-vraboteni/, а за директен контакт можете да ја користите и официјалната електронска пошта opve@veles.gov.mk.

Facebook профил: Општина Велес

Со почит,
Општина Велес