Општина Велес ги известува граѓаните дека на 9 Ноември 2019 година (сабота), ќе отпочне со градежни активности на улица „Рилски Конгрес”, под куќен број 57. Градежните активности ќе се изведуваат во две фази.

Првата фаза опфаќа изведба на армирано бетонски потпорен sид. При самата изведба на sидот, ќе се стесне профилот на улицата и нема да постои можност за пропуштање на возила. Додека пак во втората фаза ќе се бетонира дел од улицата „Рилски Конгрес” во должина од околу 150 метри.

Предвидените гредежни зафати за дветте фази ќе се изведуваат во период од две недели, при што улицата ќе биде затворена за сообраќај.

Општина Велес упатува апел до граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање и поради тоа апелира за внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.