Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека утре, 16 јуни 2020 година (вторник), дел од улицата „Богдан Каракостев”, како и раскрсницата помеѓу улиците „Стојан Бурчевски Буридан”, „Ганчо Хаџи Панзов” и „Богдан Каракостев” ќе бидат затворени за одвивање на сообраќајот, поради изведување на градежни работи за поврзување на ново изведена водоводна линија.

Според динамиката на извршување на градежните работи, сообраќајот ќе биде во прекин во траење од неколку часови.

Со цел непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до граѓаните кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање и поради тоа апелира за внимателно возење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.

Со почит,

Општина Велес