Се известуваат граѓаните  на општина Велес (кои живеат или транзитираат во тој дел од градот) дека од Сабота, 13 ноември 2021 година  ќе се врши асфалтирање на дел од улица „Архиепископ Михаил“ и тоа делот кој започнува под градинката кај основното училиште „Кирил и Методиј“ па се до спој со улицата  „9 Ноември“.

Во текот на изведувањето на градежните работи, ќе се користи градежна механизација со што ќе дојде до нарушување на нормалното одвивање на сообраќајот по улицата.

За таа цел апелираме граѓаните кои користат пристап со возила до гаража или двор преку оваа улица, да ги преместат возилата на друга локација, сè со цел да се создадат услови за непречено изведување на градежните активности.

Замолуваме за разбирање и трпение во текот на извршувањето на работите.