Поради дотраеност на шините и модернизација на патните премини, на 06 и 07 април 2022 година (среда и четврток) ќе се врши измена на дотраена шина во кривина на пругата Велес-Гевгелија, на патните премини „Музичко училиште“ и „Дворови“.

За непречено одвивање на градежните работи ќе има времена измена на патниот сообраќај во траење од три часа непрекинато, од 10:00 до 13:00 часот.

Во среда ќе се врши измена на патниот премин „Музичко училишта“ додека во четврток на патниот премин „Дворови“ .

Овие зафати се припремна работа за модернизација на патните премини „Нов мост“ и Дворови“ со поставување на гумени елементи на коловозните конструкции.

Се замолуваат граѓаните на Општина Велес да имаат разбирање додека се одвиваат работите со цел побрзо реконструирање на железничките патни премини.