Од Понеделник -18.05.2020 год ќе се изведуваат градежни работи на дел од улица Петре Милевски во должина од околу 350 м за реконструкција на завршниот слој на улицата – се вади постоечката коцка од улицата , планирање и подобрување на подлогата и завршна обработка со бетон.

Работите ќе се изведуваат од спој со улица Киро Ќучук до раскрсница кон улица Славе Ефтовски.

Профилот на улицата е мал и не дава можност за одвивање на редовен сообраќај и паралелно одвивање на градежните работи. Од таа причина се замолуваат граѓаните кои гравитираат во овој регион и ја користат оваа улица за движење да се пренасочат во движењето по другите постоечки улици се’ со цел непречено одвивање на градежните работи.

Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 14 денови.