Општина Велес ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден, 02 јуни 2021 година, ќе се изведуваат градежни работи на улица „Ордан Џинот“. Ќе се бетонира дел од улицата во должина од 120 метри и широчина 3,5 метри.

Се замолуваат жителите од тој реон да имаат разбирање за состојбата на терен поради извршување на градежни активности.